Охридската полиција поднесе кривична пријава против фолк пејачот Петар Нечовски поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност”, соопшти МВР. Во полицискиот билтен се вели дека 61-годишниот Нечовски вечерта на 24 август запалил најлонска вреќа со ѓубре пред вратата на една охридска телевизија по неуспешниот обид да се сретне со музички новинар.
„На ден 24.08.2017 година, во периодот од 20.00 до 21.00 часот, по неуспешниот обид да оствари средба со В.П., музички новинар во продукција во Охрид, пријавениот пред вратата на продукцијата запалил најлонска вреќа со ѓубре“, велат од МВР.