Претседателот Стево Пендаровски, по извршените консултации со правни експерти, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, во април 2021 година.
Претседателот Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата, вели неговиот кабинет.
Попис нема скоро две децении, податоците со кои се обидува да се организира Република Северна Македонија и да направи стратегија за сиромаштија, се стари и невалидни.
Дополнително, Македонија е една од ретките земји со несменети, односно со делумно точни демографски и други битни податоци на Википедија. Последниот попис се одржа во 2002 година.
Се очекува Државниот завод за статистика да ја донесе методологијата како ќе се спроведе пописот во април, која што е клучна за големата статистичка операција да исфрли прецизни податоци.
С. К. ДЕЛЕВСКА