ПЕНДАРОВСКИ ГО ПОТПИША ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК СО КОЈ СЕ ПРЕДВИДЕНИ ПОМАЛИ ЗАТВОРСКИ КАЗНИ ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ

    ПЕНДАРОВСКИ ГО ПОТПИША ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК СО КОЈ СЕ ПРЕДВИДЕНИ ПОМАЛИ ЗАТВОРСКИ КАЗНИ ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕПендаровски вели дека со измените во Кривичниот законик не е предвидена амнестија за кривичните дела сторени при вршење на службата (Фото: СДК.МК)

    Претседателот Стево Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, кој вчера експресно беше усвоен во Собранието, со европско знаменце и во забрзана постапка. Со овие измени се предвидува и намалувањето на казните за злоупотреба на функцијата и за злосторничко криминално здружување.

    Од Кабинетот на претседателот велат дека со измените во Кривичниот законик не е предвидена амнестија за кривичните дела сторени при вршење на службата.

    Напротив, казни и понатаму се предвидени за сторителите на тие дела, со тоа што со овие измени акцентот е ставен на таканаречената проширена конфискација на имот. Во тој дел, измените на Законикот се усогласени со eвропската Директива за замрзнување и конфискација на предмети и имотна корист, која освен казната затвор, фокусот го става на одземање на имотната корист од сторителите на овие кривични дела. Претседателот Пендаровски очекува проширената конфискација на имот да не остане само на хартија, како што беше досега“, велат од Кабинетот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира