ПЕНЗИОНЕРИ СО ПРОТЕСТ ПРЕД АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ПОБАРАА ЛИНЕАРНО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 5.000 ДЕНАРИ

    ПЕНЗИОНЕРИ СО ПРОТЕСТ ПРЕД АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ПОБАРАА ЛИНЕАРНО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 5.000 ДЕНАРИПензионерите на протестот со транспаренти велат дека штом има пари за зголемување на функционерските плати за 78%, тогаш има пари и да се исполнат нивните барања. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Пензионери од цела Македонија денеска се собраа на протест пред Американската амбасада во Скопје, и таму ги претставија нивните барања за линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари, како и минимална пензија од 20.000 денари.

    Пензионерите на протестот со транспаренти велат дека штом има пари за зголемување на функционерските плати за 78%, тогаш има пари и да се исполнат нивните барања.

    Од Американската амбасада, пензионерите се упатија да протестираат и пред Владата.

    Во септември, со редовното усогласување, пензионерите добија зголемување од 5,3 отсто, а минималната пензија во моментов изнесува 13.200 денари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира