ПО 24 ГОДИНИ, ЌЕ СЕ ОТВОРИ НОВО СРЕДНО ПОЛИЦИСКО УЧИЛИШТЕ, НАЈАВИ МИНИСТЕРОТ ТОШКОВСКИ

    ПО 24 ГОДИНИ, ЌЕ СЕ ОТВОРИ НОВО СРЕДНО ПОЛИЦИСКО УЧИЛИШТЕ, НАЈАВИ МИНИСТЕРОТ ТОШКОВСКИ„Искуството покажува дека професионалниот капацитет на полициските служебници кои биле едуицрани во рамки на средно училиште е далеку повисок и далеку поголем во споредба со останатите“, рече Тошковски. (Фото: Принтскрин од видео)

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека ќе се отвори ново средно полициско училиште, кое беше укинато во 2000 година. На денешната прес-конференција за 100 дена Влада, Тошковски кажа дека интензивно се работи на реконструкција на Центарот за обука во Идризово, каде ќе биде училиштето, и во моментов се инвестираат повеќе од 3 милиони евра.

    „Ќе најавам ново средно полициско училиште. После прва и втора година средно образование,  идните полицајци ќе може да ги поминат трета и четврта година во средното полициско училиште. Нашето искуство покажува дека професионалниот капацитет на полициските служебници кои биле едуицрани во рамки на средно училиште е далеку повисок и далеку поголем во споредба со останатите“, рече Тошковски.

    Во изминатите години додека постоеше средното полициско школо, средношколците не смееја да се префрлуваат од други школи во тоа, туку во средното полициско мораше да се поминат сите 4 години средно образование.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира