На граничниот премин „Деве Баир“ денеска се пријавил Дејан Давидовски, по кого има распишано меѓународна потерница во врска со нападот во Собранието на 27 април 2017 година.
„На 25.8.2024 г. во 10:30 часот на ГП ‘Деве Баир’, на влез во РСМ, се пријавил Д.Д.(43) од Скопје и при редовната пасошка контрола е констатирано дека евидира на стоп-листата со мерка ‘лиши од слобода’ за кривично дело по член 313 од КЗ и за кој од страна на Основен суд Скопје 1 (сега Основен кривичен суд Скопје), на 18.12.2017 г. е одредена мерка притвор, по што лицето е лишено од слобода“, соопштија од МВР.
Давидовски во април 2019 година беше уапсен во Шведска, но тамошните власти го одбија барањето за екстрадиција во Македонија.