ПО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“, И КЛИНИКАТА ЗА ЕНДОКРИНОЛОГИЈА ОТВОРИ ЦЕНТАР ЗА ТРЕТМАН НА ДЕБЕЛИНА

    ПО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“, И КЛИНИКАТА ЗА ЕНДОКРИНОЛОГИЈА ОТВОРИ ЦЕНТАР ЗА ТРЕТМАН НА ДЕБЕЛИНАВо Центарот ќе работат ендокринолози од Клиниката за ендокринологија. (Фото: Министерство за здравство)

    По пет месеци откако во земјава беше отворен првиот центар за третман на дебелина во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ , денеска на Клиниката за ендокринологија во Скопје беше промовиран Центар за справување и третман на обезност.

    На 4 март во „8 Септември“ се отвори првиот Центар за менаџирање со дебелината во земјава.

    „Обезноста е сериозен светски здравствен проблем и има загрижувачки тренд на пораст во светот и кај нас. Потребно е да постои интегриран центар во кој ќе се упатуваат овие пациенти за третман. Токму поради тоа и ние во нашата земја ќе имаме референтен центар за дијагностицирање и третирање на дебелината“, рече денеска министерот за здравство Фатмир Меџити при посетата на клиниката.

    Меџити, како што пренесе агенцијата МИА, се заблагодарил на компанијата „Ново Нордиск“ за поддршката за отворање на Центарот.

    Според директорот на Клиниката, Арѓент Муча, во Центарот ќе работи и дипломиран нутриционист кој ќе им помага на пацитетите во однос на едукација и совети за физичка активност.

    Муча кажа дека во Центарот ќе се третираат пациентите, ќе се прави скрининг и за други коморбидитети и ризик фактори, ќе се обезбеди соодветен фармаколошки третман кај овие пациенти ако тоа биде потребно.

    „Обезноста зазема пандемиски размери во цел свест. И кај нас дебелината е во голем обем. Загрижувачки е дека обезноста исто така расте и кај млади, адолесценти“, рече претседателот на Здружението за обезност Ирфан Ахмети.

    Тој кажа дека по отворањето на првиот центар од ваков тип и по прегледани околу 400 пациенти, просекот на возраст на обезни (здебелени) лица од категорија од трета класа на обезност е 40 години. Нагласи дека обезноста е посебен проблем поради тоа што е причинител за многу заболувања, како ендокрини, така и кардиоваскуларни, како и од психолошки аспект.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира