Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје доби нова компресорска станица со три нови компресори, кажа денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
Дел од хируршките сали во скопските клиники беа затворени од лани од 22 мај поради реа. На првиот оглас за нова компресорска станица во јуни не се пријави ниту една фирма, а на 12 септември Министерството за здравство соопшти дека на вториот оглас пристигнала една понуда од фирмата „Винора ДООЕЛ“.
„За среќа, тука е и стариот компресор, кој ќе стои како бекап, евентуално да не ни се повтори ваков проблем. Решаваме проблеми кои ги наследивме. Со новата компресорска станица се покриени сите 18 хируршки сали на Хирургија, салите во Оторинголарингологија (ОРЛ), Офталмологија и Максилофацијална хирургија. Комплетниот систем е тестиран 10 дена, сѐ функционира како што треба. Од денеска се користи компресорската станица со сите елементи кои ги исполнуваат сите стандарди. Решивме проблем кој постоеше подолго време на Клнички центар, станцата е подготвена ако е потребно да се приклучат и други клиники“, рече Таравари.
Б. НЕСТОРОСКА