ПО ОСУМ МЕСЕЦИ ЧЕКАЊЕ, ВО ТЕК Е ДИСТРИБУЦИЈА НА АНТИДИЈАБЕТНАТА ТЕРАПИЈА, А ДЕНОВИВЕ ЌЕ ЗАПОЧНЕ ДИСТРИБУЦИЈАТА НА ГЛУКОМЕРИТЕ И ИГЛИТЕ

    ПО ОСУМ МЕСЕЦИ ЧЕКАЊЕ, ВО ТЕК Е ДИСТРИБУЦИЈА НА АНТИДИЈАБЕТНАТА ТЕРАПИЈА, А ДЕНОВИВЕ ЌЕ ЗАПОЧНЕ ДИСТРИБУЦИЈАТА НА ГЛУКОМЕРИТЕ И ИГЛИТЕПроцесот на дистрибуција ќе потрае околу две седмици бидејќи има 44 илјади пациенти на инсулин терапија. (архивска фотографија)

    Откако министерот за здравство Фатмир Меџити најави преку фејсбук, дека е решен наследениот проблем со лицата со дијабетес, за инсулинска игла, апаратчиња за мерење шеќер, ленти, од Сојузот на Здружението на дијабетичари (СЗД) очекуваат дека процесот на дистрибуција ќе потрае околу две седмици бидејќи има 44 илјади пациенти на инсулин терапија.

    „Проблемите со антидијабетната терапија се разрешени, таа се дистрибуира до лицата со дијабетес. Неделава треба да започне дистрибуцијата на глукомерите, иглите, што е сериозна обврска треба да се распределат до 44 илјади пациенти. Можеби ќе трае и повеќе од две седмици. Од септември ја очекуваме и дистрибуцијата за сензори за децата со дијабетес, па така ние повеќе нема да се боцкаат со игли и доживуваат трауми“, рече Димче Велев претседател на СЗД .

    За Здружението приоритет е решавањето на состојба со немањето на потребната антиинсулинска терапија, која илјадници лица со дијабетес во Македонија, остави осум месеци без неа. Тие предлагаат тоа да се реши по примерот на Словенија, Хрватска, каде се работи на друг принцип, се со цел пациенти никогаш да не останат без терапија.

    „Разговараме со Министерот и со Фондот за здравство за воведување на референти цени при набавка на глукомери и ленти, за различен начин на нивно добивање од досегашниот. Со тоа што го нудиме е никогаш да нема или постојано да има. Тоа е со рецепт или потврда да одиме од аптека и ги подигаме тие лекови и помагала кој државата ги пропишала“, вели Велев.

    Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, минатата година ново дијагностицирани со дијабетес во земјава биле 7.460 пациенти а со дијабетес се водат околу 136 илјади лица. Од Министерството велат дека таа бројка е поголема и со реформите во примарната здравствена заштита , сакаат да се зголеми контролата на недијагностицираните случаи.

    „Нашите анализи покажаа дека во земјава има 133 илјади пациенти со дијабетес, но, претпоставките се дека висок шеќер на гладно имаат 230 илјади пациенти. Што значи дека тие не се следени. Така што со рефoрмите, ако кај матичен лекар дојде пациент на 40-тина година за болка во грло, а изгледа обезен, матичниот лекар ќе може да го прати во лабораторија и да испита дали боледува од дијабетес“, вели д-р Злате Мехмедовиќ, координатор на реформите за примарна заштита.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира