Почина адвокатката, политичарка и писателка Јагнула Куновска. Имаше 81 година.
Родена во 1943 година во Костур, Грција, Куновска од 1948 живее во Македонија, каде во текот на Граѓанската војна во Грција била пренесена во Тетово. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје, по што имаше успешна кариера како адвокатка. Беше членка и на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).
Куновска во политиката се вклучи во 1990, како една од основачите на партијата Движење за семакедонска акција (МААК). Во 2006 беше кандидатка за пратеничка на изборите, претставувајќи ги Скопскиот и Кумановскиот регион како дел од Новата социјалдемократска партија, а подоцна ја напушти партијата и премина во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2013 беше канидатка за градоначалничка на Карпош на ВМРО-ДПМНЕ.