ПОЧИНА ЕКОНОМИСТОТ ВЛАДИМИР ГЛИГОРОВ

    ПОЧИНА ЕКОНОМИСТОТ ВЛАДИМИР ГЛИГОРОВВладимир Глигоров имаше 78 години. (архивска фотографија)

    Владимир Глигоров, син на покојниот претседател на Македонија Киро Глигоров, ненадејно починал денеска во Виена, јави српската телевизија Н1.

    Владимир Глигоров во регионот е познат економист и политиколог.

    Студирал и магистрирал во Белград, а докторирал на универзитетот Колумбија во Њујорк во 1977 година. Глигоров работеше на Универзитетот во Белград, а потоа во Виенскиот институт за меѓународни економски студии, каде најмногу се бавел со проектот Западен Балкан, поточно со Србија. Македонија и Црна Гора.

    Во истражувањата се бавел со долгорочниот раст во земјите во транзиција, со макроекономски анализи и со финансиските пазари.

    Владимир Глигоров имаше 78 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира