Горан Гаврилов, основач и сопственик и Радио Канал 77 и порталот Македонски медиа сервис (ММС) од Штип, почина денеска по кусо боледување, објави ММС. Имаше 54 години.
Гаврилов беше основач и претседател на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија (АПЕММ) и беше вклучен и во подготовката на сите законски регулативи поврзани со медиумското работење во земјава. Радио Канал 77 со седиште во Штип е првото македонско приватно национално радио, работи од 1991, а ја покрива целата територија на земјава. Канал 77 денеска функционира како Мултимедијален центар, во кој се радиото, интегрираната редакција, порталот ММС, телевизиско студио, конгресна сала, радио-кафе, летна сцена.