ПОЧИНА ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА ЏОНОВ, ИСТАКНАТ НЕВРОПСИХИЈАТАР И ОСНОВАЧ НА КЛИНИКАТА ЗА НЕРВНИ И ДУШЕВНИ БОЛЕСТИ

    ПОЧИНА ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА ЏОНОВ, ИСТАКНАТ НЕВРОПСИХИЈАТАР И ОСНОВАЧ НА КЛИНИКАТА ЗА НЕРВНИ И ДУШЕВНИ БОЛЕСТИЏонов остави длабока трага во македонското здравство и едукација. (Фото: Алкалоид)

    Почина проф. д-р Илија Џонов, еден од најистакнатите македонски невропсихијатри, долгогодишен универзитетски професор и поранешен директор на Клиничкиот центар во Скопје.

    Џонов, кој е роден на 24 ноември 1943 година во Штип, остави длабока трага во македонското здравство и едукација.

    Тој во два мандати ја извршуваше функцијата декан на Медицинскиот факултет во Скопје, а е основач и поранешен директор на Клиниката за нервни и душевни болести.

    За неговиот долгогодишен придонес, во 2010 година му беше доделена наградата „13 Ноември“ на Град Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира