ПОЛЕАНА СО БЕНЗИН И ЗАПАЛЕНА КОЛАТА НА ОБВИНИТЕЛКАТА МАРЈАНА ИЛИЕСКА ВО ПРИЛЕП

    ПОЛЕАНА СО БЕНЗИН И ЗАПАЛЕНА КОЛАТА НА ОБВИНИТЕЛКАТА МАРЈАНА ИЛИЕСКА ВО ПРИЛЕПНепознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запалливо средство и го запалиле, вели ОЈО.

    Вчера во Прилеп намерно е опожарен приватниот автомобил на основната јавна обвинителка Марјана Илиеска на Основното јавно обвинителство Прилеп кој бил во гаражата, соопшти Обвинителството. Од таму велат дека веднаш е извршен  увид на лице место, обезбедени се траги и докази и се трага по сторителот на кривичното дело.

    „Според првичните сознанија, засега непознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запалливо средство и го запалиле, предизвикувајќи материјална штета. Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Здружението на јавни обвинители силно го осудуваат ваквиот напад и обид за заплашување на раководител на основно јавно обвинителство со проширена надлежност“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира