Вчера околу 21 часот на улицата Маршал Тито во Струга при контрола во угостителски објект две лица ги спречувале полицајците да преземат соодветни мерки кон тројца гости во локалот кои не носеле заштитни маски.
Во полициската станица приведени се М. А. (33) од струшкото село Калишта и В. Н. (29) од селото Велешта. Двајцата ги спречиле полициските службеници при вршење на службени дејствија кон три лица присутни во локалот, поврзани со спроведување на мерките и препораките за заштита и превенција од ширење на корoнавирусот, кои не носеле заштитни маски.
„Оттаму, приведени се и А. Х. (29) од селото Калишта како и Љ. Д. (26) и Л. Р. (28), двајцата од Струга. Против приведените, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави”, вели портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Д. ЧУБРИЌ