ПОЛИЦИЈАТА ГО БЛОКИРАШЕ ПРИСТАПОТ ДО ВОДНО КАДЕ ШТО Е ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА РЕЗИДЕНЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЛИЦИЈАТА ГО БЛОКИРАШЕ ПРИСТАПОТ ДО ВОДНО КАДЕ ШТО Е ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА РЕЗИДЕНЦИЈА

    Полицијата вечерва го блокираше булеварот Свети Климент Охридски во Скопје за да ги спречи демонстрантите да се движат кон Водно каде што е резиденцијата на претседателот на државата. По получасовно препирање со полицијата близина на седиштето на мисијата на ЕУ тие се разотидоа и протестот заврши.

    blokada

    Демонстрантите порачаа дека не ја прифаќаат идејата на Европската унија за обновени преговори меѓу лидерите на политичките партии. Тие велат дека ако Зоран Заев оди на преговорите во Виена не треба да смета на нивната поддршка. Бараат, ако веќе има нови преговори и тие да бидат вклучени во нив.

    Протести вечерва имаше и во Битола, Велес, Штип, Струмица, Кочани, Прилеп и во Куманово. Во Битола, Велес и Кочани протестираше и невладината организација ГДОМ која ја поддржува Владата и бара избори на 5 јуни.

    Од ВМРО-ДПМНЕ вчера потврдија дека ќе присуствуваат на состанокот во Виена во петок, но од СДСМ не одговараат на поканата на еврокомесарот Јоханес Хан бидејќи им треба време за консултации во рамките на коалицијата, но и со невладините организации кои се дел од движењето „Протестирам“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира