ПРАТЕНИЦИ СЕ ВРАЌААТ ОД ГОСТИ ОД СТРАНСТВО, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ НАЈМАЛКУ 80 ГЛАСА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

    ПРАТЕНИЦИ СЕ ВРАЌААТ ОД ГОСТИ ОД СТРАНСТВО, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ НАЈМАЛКУ 80 ГЛАСА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВОПарламентот се распушта во среда, се оди на тоа законот уште утре да биде ставен на гласање. - Зоран Заев на пратенички прашања во Собранието (Фото: СДК.МК)

    Техничкиот премиер Оливер Спасовски за доцна вечерва закажал седница на Влада, за министрите да го одобрат Законот за јавно обвинителство, откако лидерот на СДСМ Зоран Заев и министерката за правда Рената Дескоска обезбедиле најмалку 80 пратеници за да се гласа.

    Додека од СДСМ сѐ уште тврдат дека уште ништо не е стопроцентно сигурно, извори од владејачката коалиција за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека и пратеници од нивните редови кои се на гости во странство се повикани да се вратат, зашто итно ќе биде закажана собраниска седница за носење на законот. Тој беше и остана докрај услов за добивање датум за почеток на преговори на нашата држава со ЕУ.

    Во разговорот со пратеници од различни партии, пак, се тврди дека има и такви од ВМРО-ДПМНЕ, чии лидери се противат на носење на овој закон, кои сметале дека ако навистина е обезбедено двотретинското мнозинство, исто им се фаќа дали ќе гласаат или не, па за имиџ, можно е и некои од нив да стиснат зелено копче.

    Парламентот се распушта во среда, се оди на тоа законот уште утре да биде ставен на гласање.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира