Собранието ги верифицираше мандатите на новите пратеници, кои влегоа во Парламентот на местото на избраните градоначалници. За верификацијата на мандатите на новите пратеници гласаа За и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
На местото на Петре Шилегов кој стана градоначалник на Скопје, Стефан Богоев, градоначалник на скопската општина Карпош, Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово, Сашо Поцков, градоначалник на Гевгелија и Коста Јаневски за Струмица, во Собранието влегоа Татијана Лалчевска, Анета Симеска-Димоска, Лидија Тасевска, Ристе Ташев и Костадин Костадинов,
Местото на лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами го зазема Неџбедин Кареманин, на Зеќирија Ибрахими, Реџеп Мемеди, а на местото на пратеникот на ДПА Бардиљ Даути, во Собранието влезе Мерал Узеири Ферати.
Г. ТРПЕНОСКИ