ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ НЕ ГО ПУШТААТ ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ ДА ГО НАПУШТИ СОБРАНИЕТО

    ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ НЕ ГО ПУШТААТ ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ ДА ГО НАПУШТИ СОБРАНИЕТОФото: Г. Трпеноски

    Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го заобиколија претседавачот на конститутивната седница Трајко Вељаноски откако тој во 18 часот ја затвори расправата и закажа продложение за утре во 11 часот.

    Но, парламентарното мозинство не ја напушти салата и побара од Вељаноски да се стави предлогот за избор на собраниски спикер на гласање. Тогаш пратениците од ВМРО-ДПМНЕ станаа и го заобиколија Вељаноски. За тоа време пратениците на СДСМ му довикуваа: „Трајко треба дома да си одиш“.

    Пратениците и на парламентарното мнозинство и на малцинството уште се во салата. Таму не се Али Ахмети и Никола Груевски.

    Г. Трпеноски

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира