Телефонските линии на амбасадата на САД во Скопје не функционираат, соопштија од амбасадата преку официјалниот Твитер профил и на официјалната Фејсбук страница, синоќа околу 21 часот.
Нема информации за евентуален проблем со кој се соочува амбасадата.
За помош при итни случаи, од американската амбасада упатуваат на телефонски контакт директно во Центарот за операции на Стејт департментот во САД.