ПРЕКУ ТАНЦ ГИ УРИВААТ СТЕРЕОТИПИТЕ ЗА ДАУНОВИОТ СИНДРОМ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРЕКУ ТАНЦ ГИ УРИВААТ СТЕРЕОТИПИТЕ ЗА ДАУНОВИОТ СИНДРОМ

    Британската актерка и танчерка со Даунов Синдром Сара Горди со четириест минутен танц и глума на малата сцена на Македонската опера и бал ја допре темата за прифаќањето на лицата со попреченост, нивната сексуалност и себеизразувањето. Македонската публика вчеравечер уживаше во перформансот на Горди, која е член на танцувачката група „Culture Device Dance Project“, танцувачка група за професионални танчери со Даунов синдром.

    Оваа група со техники на импровизација и експериментални електронски звуци, се обидува да ги помести граници на современата кореографија и да понуди професионална, уметничка и креативна платформа за танчери со Даунов синдром. За 39-годишната Британка, Дауновиот синдром не е пречка секојдневно да ги урива бариерите и стереотипите. Сара Горди како актерка е позната по нејзината улога на Лејди Памела Холанд во ТВ серијата на Би-Би-Си „Нагоре Надолу“.

    Нејзината улога е напишана за да го илустрира ставот кон луѓето со попреченост. Третата сезона на серијата беше прикажана во февруари 2012 година. Горди во 2006 година ја игра главаната улога во театарската продукција „Зграпчи го денот“, а во април 2012 година се појавува и во радио драмата „Воскресение“. Сара имаше и епизодна улога во серијата „Бабица на повик“. По настапот на Сара во МОБ, забавата продолжи во кафулето Шот Бар во Безистен, каде кореографот на Сара, Даниел Вајс го покажа концептот на танцувачко караоке, каде место песна учесниците одбираат танц и да покажат што умеат и знаат.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира