ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО ЦЕНТАР ПРИЗНА ДЕКА Е ВИНОВЕН ЗА НАСИЛСТВОТО ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

    ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО ЦЕНТАР ПРИЗНА ДЕКА Е ВИНОВЕН ЗА НАСИЛСТВОТО ВО ОПШТИНА ЦЕНТАРЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со соработниците и обезбедувањето утринава пристигна во Основниот суд Скопје 1. (Фото: М. Златевска)

    „Се чувствувам виновен и од оваа временска дистанца длабоко се каам”, рече пред Основниот суд Скопје 1 обвинетиот Томислав Лазаров, поранешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Центар, преку кого одела организацијата на насилствата во Општина Центар на први и на шести јуни 2013 година.

    Еден од адвокатите стана и кажа Лазаров дека цело време се допишувал со некого, откако ја призна вината.

    Претходно, првообвинетиот Никола Груевски се изјасни за невин, исто како и Миле Јанакиески, за кои специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, образложувајќи го обвинителниот предлог, кажа како во 4-минутен разговор ги договориле тие насилства.

    Даниела Рангелова, тогашна советничка во Центар на ВМРО-ДПМНЕ, обвинета за истото како Томислав Лазаров, рече дека е невина.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира