ПРОПАДНА ПРВИОТ ОБИД ЗА СУДЕЊЕ НА НАСИЛНИЦИТЕ ОД СОБРАНИЕТО

    ПРОПАДНА ПРВИОТ ОБИД ЗА СУДЕЊЕ НА НАСИЛНИЦИТЕ ОД СОБРАНИЕТООбидот за судење се случуваше во многу мала судница, во која едвај ги собра обвинетите и нивните адвокати.(Фото: СДК.МК)

    На судскиот процес против деветтемина обвинети за учество во нападот на пратеници во Собранието на 27 април не дојде првообвинетиот Ангел Зафировски, кој е во куќен притвор, и судењето се презакажа за 23 мај.

    Присутни беа останати осуммина обвинети за учество во толпа: Димче Христовски, Данилчо Василевски, Стојан Павловски, Борис Мутков, Марјан Стојановски, Виктор Настев, Александар Стојчев и Мирче Цветановски. На судењето дојдоа и над 20 оштетени, главно повредени припадници на собраниското обезбедување и припадници на специјалните полициски сили.

    Обидот за судење се случуваше во многу мала судница, во која едвај ги собра обвинетите и нивните адвокати. Тоа беше дополнителна причина што судењето се презажа за 5 дена.
    Пред Основниот суд Скопје 1 протестираа 30-тина поддржувачи на обвинетите кои бараат нивно ослободување и со закани ги спречија новинарските екипи да ги снимаат нивните ликови.

    С.К.ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира