ПРВАЧИЊАТА СЕ ЗАПИШУВААТ ВО УЧИЛИШТЕ СО ПРОТОКОЛ И ВО ОДРЕДЕНИ ТЕРМИНИ

    ПРВАЧИЊАТА СЕ ЗАПИШУВААТ ВО УЧИЛИШТЕ СО ПРОТОКОЛ И ВО ОДРЕДЕНИ ТЕРМИНИСпоред протоколот, уписот се спроведува во термин утврден од Комисија за запишување ученици формирана од директорот на училиштето. - Од денешните уписи во ОУ „Киро Глигоров“ во Скопје. (Фото: К. Попов)

    Првачињата за учебната година 2020/2021 од денеска се запишуваат во основните училишта во земјава. Уписот на учениците во прво одделение ќе трае до 30 јуни, а беше поместен од стандардниот термин од мај, откако Владата донесе одлука да се одложат поради заштита од ширењето на коронавирусот.

    Училиштата треба да ги објават резултатите до 15 јули. Владата во петокот  усвои протокол за спроведување на уписот на првачињата со утврдени мерки за заштита на јавното здравје и спречување да се шири коронавирусот.

    Според протоколот, уписот се спроведува во термин утврден од Комисија за запишување ученици формирана од директорот на училиштето. Треба да има пауза од најмалку 20 минути помеѓу термините за разговор на членовите на комисијата со секое дете. Во паузите се забранува групирање на присутните во училиштето.

    Протоколот беше усовоен во петокот. (Фото: Министерство за образование и наука)

    Во просторијата за разговор може да присуствуваат само членовите на Комисијата за запишување, детето и еден од неговите родители/старатели. Најмалку два метра оддалеченост треба да има меѓу присутните, возрасните лица да носат заштитни маски и ракавици, а по секој разговор просторијата треба да се дезинфицира.

    На влезот од училиштата задолжително треба да има средство за дезинфекција на обувките и рацете, како и поставени едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира