Денеска поплдне со куршум во ногата е повреден Борче Петковски, висок функционер на СДСМ од Битола и поранешен пратеник. Не се знае дали е намерно пукано во него, или станува збор за заскитан куршум.
Настанот се случил во битолската населба Карпош. Петковски за време на инцидентот разговарал со свои пријатели на тротоар.
Петковски е хоспитализиран, но е е надвор од животна опасност.
Полицијата засега не знае кој и од каде пукал.