Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 30-годишник поради основано сомнение дека сторил кривично дело Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.
Како што објави ОЈО, осомничениот со нож им се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот автомобил излегувале од фирмата во селото Трубарево, осомничениот им го попречил патот со нож во рацете. Агресивно замавнувал, ги навредувал и им се заканувал, а потоа со ножот ја исекол левата задна гума од автомобилот. Оштетениот се обидел да го смири, а неговата сопруга побегнала и влегла во казино во близина, од каде што повикала полиција.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки за претпазливост за оштетениот – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патната исправа и забрана за приближување до оштетените.



