РАБОТНИЦИТЕ КОИ ЗАГИНАА НА ДИВО ГО КОПАЛЕ КАНАЛОТ ЗА ПРИКЛУЧОК НА ВОДОВОДНА МРЕЖА, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА ЧАИР

    РАБОТНИЦИТЕ КОИ ЗАГИНАА НА ДИВО ГО КОПАЛЕ КАНАЛОТ ЗА ПРИКЛУЧОК НА ВОДОВОДНА МРЕЖА, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА ЧАИРИнспекторите од Општина Чаир кои излегле натерен утврдиле дека започнатите работи за вклучување во подземната инфраструктура немале дозвола за нивно спроведување и истите се започнати во текот на денешниот ден.- Ископ на земја (Фото: СДК.МК)

    На диво се копал каналот за приклучување на водоводната мрежа на улицата Кемал Сејфула, во кој денеска загинаа две лица, а едно е повредено, велат од Општина Чаир.

    Од таму информираат дека на местото на настанот, веднаш излегол Инспекторатот на Општина Чаир за да ја утврдат фактичката состојба и за да констатираат дали се испочитувани сите предвидени законски норми за овој вид на работи од страна на изведувачот.

    „Според изготвениот записник од страна на инспекторите на терен, започнатите работи за вклучување во подземната инфраструктура немале дозвола за нивно спроведување и истите се започнати во текот на денешниот ден“, велат од Општина Чаир.

    Како што потврдија од Министерството за внатрешни работи, две лица на возраст од 26 и 28 години, загинаа откако земјата од ископот се лизнала и ги затрупала, а едно лице е повредено, но е надвор од животна опасност.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира