Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска пред расправата за буџетот за 2018 година ги чести пратениците во Собранието со мекици.
Тој минатиот четврток доби трета ќерка.
Со жена му Анита министерот ги има и ќерките Ема и Каја.
Расправата за буџетот почнува денеска во Комисијата за финансирање и буџет . Според деловникот таа треба да трае 10 работни дена. За тоа време Собранието нема да закажува други седници. Поради буџетот е доложен изборот на нов јавен обвинител и неколку закони поврзани со реформи во правосудството.
Буџетот што ќе го брани министерот Тевдовски е проектиран на 3,4 милијарди евра.