РЕТКА ОПЕРАЦИЈА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА НОС ПОРАДИ ТУМОР ИЗВЕДЕНА НА СКОПСКАТА КЛИНИКА ЗА ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА

    РЕТКА ОПЕРАЦИЈА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА НОС ПОРАДИ ТУМОР ИЗВЕДЕНА НА СКОПСКАТА КЛИНИКА ЗА ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈАДвете операции ги изведе мултидисциплинарен тим составен од: пластични хирурзи: науч.сор. д‑р Бисера Николовска, ас. д‑р Гордана Георгиева, ас. д‑р Благоја Србов, како и специјализантите: д‑р Јасмина Добревска, д‑р Елизабета Мјовска, д‑р Викторија Ончева, д-р Емона Кадриу и д-р Сања Петровска. Тимот од анестезиологија е составен од: д‑р Мирјана Бурмузовска; анестезиски техничари: Марјан Трајановски, Хатиџе Исеини и сестри инструментарки Анита Петрушевска и Снежана Чукниева. (Фото: Министерство за здравство)

    Две исклучително сложени микрохируршки операции кои траеја од 6 до 12 часа се извршени на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, соопшти Министерството за здравство. Операциите беа изведени под менторство на проф. д-р Јан Јерун Вранкс од Белгија, светски експерт во областа на реконструктивната микрохирургија и визитинг професор на Медицинскиот факултет во Скопје. Постоперативно, двајцата пациенти се во стабилна и добра општа состојба.

    Интервенциите ги работеше мултидисциплинарен тим составен од пластичнитe хирурзи науч.сор. д‑р Бисера Николовска, ас. д‑р Гордана Георгиева, ас. д‑р Благоја Србов, како и специјализантите д‑р Јасмина Добревска, д‑р Елизабета Мјовска, д‑р Викторија Ончева, д-р Емона Кадриу и д-р Сања Петровска. Тимот од анестезиологија е составен од д‑р Мирјана Бурмузовска, анестезиските техничари Марјан Трајановски, Хатиџе Исеини и сестрит инструментарки Анита Петрушевска и Снежана Чукниева.

    „Кај еден од пациентите е третиран комплексен дефект на носот по ресекција на тумор. Изведена е целосна тродимензионална реконструкција на носот. Операцијата вклучуваше употреба на ’рскавица за формирање носна структура и слободен кожен резен кој ги обложува овие структури како и подот на носот, со неопходно спојување на крвни садови под микроскоп. Овој вид реконструкција, изведена во еден оперативен чин, е исклучително редок дури и на светско ниво“, вели д-р Николовска, раководителка на Одделот за микрохирургија и реконструктивна хирургија.

    Директорката на Клиниката д-р Јасмина Ѓоргиевска-Павловска вели дека интервенциите се огромен чекор кон развојот на современата реконструктивна микрохирургија во земјава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира