РОКОТ ИСТЕКУВА НА ПОЛНОЌ – НЕМА КОНСЕНЗУС ЗА ПЕТТИОТ ЧЛЕН НА АД ХОК ТЕЛОТО ЗА СЛЕДЕЊЕ НА МЕДИУМИТЕ ПРЕД ИЗБОРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.М)

    РОКОТ ИСТЕКУВА НА ПОЛНОЌ – НЕМА КОНСЕНЗУС ЗА ПЕТТИОТ ЧЛЕН НА АД ХОК ТЕЛОТО ЗА СЛЕДЕЊЕ НА МЕДИУМИТЕ ПРЕД ИЗБОРИ

    Привременото тело за следење на изборите не успеа да избере петти член. Агенцијата за аудио и аудиовизулени услуги попладнево соопшти дека четворицата членови предложени од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ не успеале да постигнат консенсуз за петтиот член кој треба да е Албанец.

    Според договорот од Пржино рокот за комплетирање на ад хок телото истекува вечерва во 24 часот.

    Дознаваме дека од предложените кандидати во најтесен круг влегле Даут Даути и Сефер Тахири, но за ниту еден од нив четворицата други колеги не успеле да се договорат.

    Членови на ад хок телото се новинарите Горан Трпеноски, Слаѓана Димишкова, Љубомир Костовски и Цветин Чилиманов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира