САД ЈА СТАВИЈА НА ЦРНА ЛИСТА МАКЕДОНСКАТА КОМПАНИЈА ЗА ШПИОНСКИ СОФТВЕР „САЈТРОКС“

    САД ЈА СТАВИЈА НА ЦРНА ЛИСТА МАКЕДОНСКАТА КОМПАНИЈА ЗА ШПИОНСКИ СОФТВЕР „САЈТРОКС“Компанијата Сајтрокс, основана во Скопје во 2017 година, се смета дека го развила „Предатор“, со кој скришно може да се шпионираат Андроид и Иос телефони. (архивска фотографија)

    Американската влада денеска ги стави на црна листа софтверските компании Сајтрокс и Интелекса поради закана по националната безбедност на САД. Според соопштениете на американскиот Стејт Депертмент, станува збор за компаниите: Интелекса СА од Грција, Интелекса Лимитид од Ирска, Сајтрокс АД од Македонија и Сајтрокс Холдингс од Унгарија.

    Овие компании се поврзуваат со софтверот за шпионирање „Предатор“, кој беше најден во телефоните на египетски политичар, египетски новинар и грчки политичар. Компанијата Сајтрокс, основана во Скопје во 2017 година, се смета дека го развила „Предатор“, со кој скришно може да се шпионираат Андроид и Иос телефони.

    „Како дел од нашата посветеност да ги ставиме човековите права на прво место во американската надворешна политика, САД работи да спречи пролиферација и злоупотреба на дигитални алатки кои се користат за репресија. Овие чекори се насочени кон подобрување на дигиталната безбедност на граѓаните, борба против сајбер закани и осуетување на незаконското следење“, се вели во соопштението на американскиот Стејт Департмент.

    Во сите четири компании како сопственици се јавуваат поранешни членови на израелското разузнавање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира