Интернет сајтот на јавниот радиодифузен сервис Македонската радиотелевизија веќе неколку дена е недостапен и ако ја впишете адресата mrt.com.mk во прелистувачот јавува грешка.
Освен грешката, во табот на прелистувачот пишува „Добредојдовте во Спектар+“. „Спектар+“ е мултимедијална платформа на компанијата „Морскрин“, која пред две години го изработи сајтот на МРТВ за цена од 100.000 евра. На обвинувањата дека платиле прескапо за изработка на сајтот, управата на МРТВ тогаш одговори дека не се работи за обичен сајт, туку за видео-платформа.
На еден од агрегаторите за вести на интернет може да се види дека последната вест на сајтот на МРТВ е од пред седум дена.