САМО ЉУПЧО КОЦЕВСКИ ДОБИ ПОЗИТИВНО МИСЛЕЊЕ ОД СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ЗА НОВ ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ

    САМО ЉУПЧО КОЦЕВСКИ ДОБИ ПОЗИТИВНО МИСЛЕЊЕ ОД СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ЗА НОВ ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛСпоред процедурата, Советот на јавни обвинители дава позитивно или негативно мислење до Владата, по што Владата до Собранието предлага еден од кандидатите што добил позитивно мислење. - Од претходна седница на Советот (Фото: СДК.МК)

    Советот на јавни обвинители едногласно даде позитивно мислење за кандидатот Љупчо Коцевски да биде нов државен јавен обвинител. Кандидатката Лидија Раичевиќ не доби позитивно мислење, а членовите на Советот воопшто не разговараа за кандидатката Фатиме Фетаи, поради нецелосна документација.

    Коцевски е републички јавен обвинител, избран на позицијата пред една година. Раичевиќ е обвинителка во Основно јавно обвинителство Скопје, додека Фетаи е скопски виш јавен обвинител

    Според процедурата, Советот на јавни обвинители дава позитивно или негативно мислење до Владата, по што Владата до Собранието предлага еден од кандидатите што добил позитивно мислење.

    Новиот државен јавен обвинител го бира Собранието, со мандат од шест години.

    На досегашниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески мандатот му заврши на 25 декември, а за в.д. државен јавен обвинител беше избрана републичката обвинителката Соња Симовска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира