Шлепер се преврте на патот Прилеп – Велес на околу два километри пред селото Росоман, јавува репортерот на САКАМДАКАЖАМ.МК. Возачот е лесно повреден. Патот е лизгав затоа што се излеа дизел и масло на коловозот.
Возачот е странски државјанин, а шлеперот е со унгарски регистарски таблички.
Во регионот има големо невреме со силен дожд и ветер.
На патот има голема колона возила. Некои од возачите тргнаа преку Кавадарци.
На удолницата од преминот Плетвар кон Росоман има уште еден превртен шлепер, но тој не го попречува сообраќајот.
Се очекува на местото на несреќата да стигне сообраќајната полиција.
Г. ТРПЕНОСКИ