СÈ НАПРАВИВМЕ ВО ВРСКА СО НАТЕПАНИОТ ОХРИЃАНЕЦ, А БУГАРИЈА ПАК ГО ПОВЛЕЧЕ АМБАСАДОРОТ, ВЕЛИ ОСМАНИ

    СÈ НАПРАВИВМЕ ВО ВРСКА СО НАТЕПАНИОТ ОХРИЃАНЕЦ, А БУГАРИЈА ПАК ГО ПОВЛЕЧЕ АМБАСАДОРОТ, ВЕЛИ ОСМАНИОсмани за РСЕ кажа дека не размислуваат за повлекување на македонската амбасадорка од Софија, затоа што смета дека дијалогот меѓу двете држави треба да продолжи преку дипломатите и амбасадите. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека Македонија ги презела сите можни мерки во врска со натепаниот секретар на бугарскиот клуб „Борис Трети“ во Охрид и затоа тој смета дека повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Скопје е непропорционална реакција. Османи вели дека МНР нема добиено официјална потврда од Софија за амбасадорот и поради тоа вели дека не може да каже дали повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Македонија е поради нападот на охриѓанецот.

    „Државата ги идентификуваше веднаш сторителите, едниот е во притвор. Имаше осуда од страна на претседател, премиер, министер за надворешни работи. Јас отидов во Софија, изразивме тоа што треба државата да го покаже кон наш државјанин и граѓанин, така да не гледам што би било поврзаноста меѓу едниот случај и реакцијата“, изјави Османи за Радио Слободна Европа.

    Додека Османи чека официјална потврда, неговиот бугарски колега Николај Милков вчера во бугарскиот парламент кажа дека амбасадорот е повикан на консултации во Софија по нападот на охриѓанецот и рече дека амбасадорот нема да се врати во Скопје „сè додека Софија не види знаци на промена“.

    Османи за РСЕ кажа дека не размислуваат за повлекување на македонската амбасадорка од Софија, затоа што смета дека дијалогот меѓу двете држави треба да продолжи преку дипломатите и амбасадите.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира