Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека се прави попис за сите апарати кои се донирани, а не се користат во здравството.
Како што објави МИА, на денешниот брифинг на Меџити со новинарите, за кој редакциите добија покана десет минути пред почетокот, тој кажал дека, во врска со акцелераторите, ги испратил службите кои се надлежни за оваа програма, каде што има донација скапа што е платена и што не се искористува од страна на здравствените работници, „да има еден попис и точно да се знае каде, што имаме и дали има кадар, или да дисперзираме, или тие апарати да се носат во друга установа, каде ќе бидат корисни“.
За ацелераторот на Онкологија, вели дека не знае зошто не се користел.
„Да имате нов акцелератор со таква финансиска сума и да стои под прашина седум години да не се стави во употреба, не би можел да кажам зошто е тоа така направено. Таму има четири акцелератори, два веќе се при крај со работењето и едниот од нив што е најстар, да може да се смени, но ние од утре веќе почнуваме да го демонтираме тој апарат и ќе треба, тој апарат седел седум години и за да се стави во функција. Нормално дека треба од таа компанија што има лиценца за тој апарат, да се сервисира и тоа сервисирање ние веќе од пред три месеци, знаеме дека изнесува многу голема сума финансиска“, рече Меџити.
Како што кажа, според раководителите на Клиниката за онкологија, четири акцелератори ја покриваат потребата на пациентите.
Меџити рече дека исто така се работи и во други центри.
„Во Клиничката болница во Битола, таму има апарат, има еден дел од кадарот, треба уште малку да се доекипира тој кадар, за да можеме и тој апарат да го ставиме во функција“, рече министерот
За ацелераторот во Штип рече дека таму треба прво да се направи инфрастрктура.
„Замислете, таму е набавен ацелератор, а нема инфраструктура. Во 2024 година, тој апарат ќе го ставиме во функција со новиот буџет на Македонија“, најави Меџити.