СЕДМООДДЕЛЕНЦИТЕ ОД СЕПТЕМВРИ ЌЕ УЧАТ ПО ДОСЕГАШНИТЕ УЧЕБНИЦИ, СЕ ОДЛОЖУВА КОНЦЕПЦИЈАТА НА МИЛА ЦАРОВСКА ЗА СЕДМО, ОСМО И ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

    СЕДМООДДЕЛЕНЦИТЕ ОД СЕПТЕМВРИ ЌЕ УЧАТ ПО ДОСЕГАШНИТЕ УЧЕБНИЦИ, СЕ ОДЛОЖУВА КОНЦЕПЦИЈАТА НА МИЛА ЦАРОВСКА ЗА СЕДМО, ОСМО И ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕНови учебници за седмо одделение ќе има од учебната 2025-2026 година. (Фото: МОН)

    Учениците кои од септември ќе бидат седмо одделение ќе ги користат учебниците кои се применуваат досега, со додатни материјали кои ќе бидат изработени од Бирото за развој на образованието (БРО) за теми кои недостасуваат во нив, а предвидено е да се изучуваат годинава, соопшти Министерството за образование и наука (МОН).

    Министерката Весна Јаневска пред неколку дена изјави дека ќе нема нови учебници за седмоодделенците кои треба да учат според Концепцијата за основно образование, бидејќи  ниту еден не е испечатен, а најголем дел не се ниту изработени, ниту одобрени. Станува збор за Концепцијата која е воведена од 2021, од тогашната министерка Мила Царовска и која почна со тогашните деца од прво и четврто одделение, па следеа новини во програмата кога стигнаа тие ученици во второ и петто одделение, и оваа есен треба да ги опфати кога ќе бидат  четврто и седмо одделение. Со таа програма, се споија предметите историја, граѓанско образование и географија“ во „Историја и општетство“.

    „За оваа цел е донесена и одлука за одложување на имплементацијата на Концепцијата за основно образование, во седмо, осмо и деветто одделение“, велат од МОН.

    Оттаму додаваат дека целосно нови учебници за седмо одделение ќе има од учебната 2025-2026 година.

    „Доколку Концепцијата за основно образование која влегува во процес на ревидирање, согласно мислењата на наставниците и другите засегнати чинители во воспитно-образовниот процес, биде изменета и има потреба, ќе бидат изготвени и нови наставни програми и учебници и по други одделенија“, вели Министерството за образование.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира