СЕДУМДЕСЕТ ОТСТО ОД ЛЕКАРИТЕ САКААТ ДА СИ ОДАТ ОД МАКЕДОНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЕДУМДЕСЕТ ОТСТО ОД ЛЕКАРИТЕ САКААТ ДА СИ ОДАТ ОД МАКЕДОНИЈА

    Лекарите заминуваат од Македонија поради лошата политичка состојба во земјава,  а ваков тренд е забележан и во Србија, Косово и Албанија, покажало истражувањето на меѓународната истражувачка организација “Хелтгрупер“.

    “Повеќе од 70 отсто од тие што си заминале кажуваат дека политичката состојба или клима била причина да си заминат од овде, односно јавно кажуваат дека ако не се член на политичка партија не можат да се вработат. Тоа го кажуваат и лекари од Македонија и лекари од Србија, Албанија и Косово“, вели д-р Владимир Лазаревиќ, од “Хелтгрупер“.

    Тој рече дека освен политичката состојба во овие четири земји, меѓу главните фактори поради кои лекарите одлучуваат да се иселат и да побараат работа во развиените земји, пред сѐ во земјите од Западна Европа, се и лошите услови за работа во матичните земји, како и ниските плати. Од Македонија, како што вели д-р Лазаревиќ, главно заминуваат млади лекари и за неколку години здравствениот систем ќе се соочи со проблем, односно во моментот кога ќе се пензионираат постарите доктори.

    “Ова особено ќе се почувствува во помалите градови, каде освен надворешна миграција има и внатрешна, односно лекарите од помалите градови се селат во поголемите градови. Миграцијата не може да ја спречиме, но како држава она што мора да го направиме е условите за професионален развој и можноста за заработка да бидат подостоинствени, за да може лекарите да ја видат својата перспектива тука долгорочно. А со тоа да им се гарантира на сите луѓе дека ќе имаат соодветна здравствена грижа овде во земјава“, рече д-р Лазаревиќ.

    Според податоците од лекарската комора од април, 2012 до ноември годинава над 600 лекари побарале лиценца за добра пракса, која им е неопходна за работа во странство. Но, прецизни податоци за тоа колку лекари се иселиле од земјава нема.

    “Истражувањето покажа дека повеќе од 90 отсто од тие лекари што се отселиле немаат желба да се вратат во земјава, дури и во услови да се зголемат примањата. Од оние што не се иселиле, над 70 проценти размислуваат да заминат од земјава. Лекарите што се иселиле кажаа дека се многу задоволни од работата во земјите каде што се, дали Германија, дали Швајцарија или некоја друга земја. Лекарите што не се иселени кажуваат дека крајно се незадоволни од работата во сопствената земја“, рече д-р Лазаревиќ.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира