СЕКОЕ ВТОРО ДЕТЕ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ЛЕКУВА ОД РЕСПИРАТОРНИ БОЛЕСТИ ПОРАДИ ЗАГАДУВАЊЕТО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЕКОЕ ВТОРО ДЕТЕ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ЛЕКУВА ОД РЕСПИРАТОРНИ БОЛЕСТИ ПОРАДИ ЗАГАДУВАЊЕТО

    На децата во Македонија им е загрозено најелементарнот право – правото на живот, реагираше невладината организација СОС-Прва детска амбасада по повод огромното загадување на воздухот.

    Според податоците на Светска банка, аерозагадувањето во Македонија убива 1.350 луѓе годишно. Децата се најосетливата група, затоа што имаат организам во развој и побрзо дишење, а со тоа и побрзо внесување на загадените материи во телото.

    „Секое второ болно дете минатата година се лекувало од респираторни болести кои најчесто се директна последица на загадениот воздух“, вели д-р Драган Ѓоргев од Институтот за јавно здравје.

    Според него децата се најпогодени, особено во грејната сезона, кога концентрацијата на цврстите честички е зголемена.

    „Децата се најосетливата група на сите загадувања од животната средина пред сè затоа што имаат организам во развој, затоа што имаат позабрзано дишење и поголема глад за воздух од возрасните и затоа што се немоќни било што да сменат“, вели д-р Ѓоргев. Тој објаснува дека децата се почувствителни од возрасните на внатрешно и надворешно загадување на воздухот, бидејќи нивните бели дробови, мозокот и имунолошкиот систем сè уште се развиваат, а нивниот респираторен тракт е попорозен. Исто така, малите деца дишат побрзо од возрасните и вдишуваат повеќе воздух во однос на телесната тежина.

    Истражувањето Прочистете го воздухот заради децата (УНИЦЕФ), укажува дека загадувањето на воздухот е важен фактор за смрт на речиси 600.000 деца помлади од пет години секоја година и е закана за животите и иднината на милиони секој ден.

    Македонија е потписничка на Конвенцијата за правата на детето. Според член 6 од Конвенцијата, Република Македонија како потписничка на Конвенцијата е должна на децата да им овозможи да живеат и да се развиваат, потсетува СОС-Прва детска амбасада по повод големото загадување на воздухот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира