МАКЕДОНИЈА ГИ ПОМНИ ЖРТВИТЕ НА ХОЛОКАУСТОТ, КАЖА НОВАТА МИНИСТЕРКА ЗА КУЛТУРА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ЕВРЕИ

    МАКЕДОНИЈА ГИ ПОМНИ ЖРТВИТЕ НА ХОЛОКАУСТОТ, КАЖА НОВАТА МИНИСТЕРКА ЗА КУЛТУРА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ЕВРЕИКостадиновска-Стојчевска се обрати со зборовите на убиената Еврејка Ана Франк (Фото: Министерство за култура)

    Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, по повод 27 Јануари, Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, кажа дека Северна Македонија ги помни жртвите на холокаустот и ги чува сеќавањата во исклучително важниот како што рече, Меморијален центар во Скопје.

    Домаќин на денешното комеморативно одбележување беше заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки, a пред присутните се обратија и: министерот за дијаспора на Државата Израел, Нахман Шаи; претседателката на Собранието на Еврејската заедница во земјава, Радојка Хелман-Денковска; амбасадорот на Грција во својство на земја претседавач со ИХРА, Русос Кондурос; заменик-шефот на Мисијата во Амбасадата на САД, Ерик Мејер; и координаторката на Европската комисија за борба против антисемитизмот и унапредување на еврејскиот живот, Катарина фон Шнурбеин. Беше организирана и панел-дискусија на тема „РС Македонија – 35-та членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА): активности и мерки во борбата против искривоколчувањето на холокаустот и антисемитизмот и улогата на ИХРА во овие области.

    Пред присутните, министерката ја цитираше Ана Франк: „Во тешки времиња како што се овие: идеалите, соништата и негуваните надежи се издигнуваат во нас само за да бидат уништени од мрачната реалност. Навистина е чудо што не ги отфрлив сите мои идеали бидејќи изгледаат толку апсурдни и невозможни да се спроведат. Сепак, ги чувам, бидејќи и покрај сè, верувам дека луѓето се навистина добри во срцето“.

    Костадиновска-Стојчевска потсети дека секоја година го одбележуваме 11 Март, денот кога 7.144 македонски евреи беа депортирани од окупаторските фашистички сили со возовите на смртта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира