СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА НА ПИСАТЕЛОТ И ДИПЛОМАТ ЈОРДАН ПЛЕВНЕШ И НА ПОЕТОТ РАДЕ СИЉАН ИМ ДОДЕЛИ ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“, ПОСТХУМНО ОДЛИКУВАНИ ЏЕВАТ ГЕГА, МЕТО ЈОВАНОВСКИ И ГЛИГОР ЧЕМЕРСКИ

    СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА НА ПИСАТЕЛОТ И ДИПЛОМАТ ЈОРДАН ПЛЕВНЕШ И НА ПОЕТОТ РАДЕ СИЉАН ИМ ДОДЕЛИ ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“, ПОСТХУМНО ОДЛИКУВАНИ ЏЕВАТ ГЕГА, МЕТО ЈОВАНОВСКИ И ГЛИГОР ЧЕМЕРСКИПретседателката постхумно им даде орден „8 Септември“ и на професорот и новинар Џеват Гега, легендарниот глумец Мето Јовановски и на сликарот Глигор Чемерски (Фото:К.Попов)

    Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска во вилата Водно на церемонија денеска им додели орден „8 Септември“ на писателот и поранешен амбасадор Јордан Плевнеш и на поетот Раде Сиљан, како и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски.

    „Петмината добитници на орденот ‘8 Септември’ оставија дела што не се ограничени на еден жанр, на една сцена, една книга или едно време. Тие создаваа, истражуваа, преведуваа, играа, сликаа, но зад сите тие различни облици на творештво останува нешто заедничко, тие дела продолжуваат да живеат преку оние што ги читаат, гледаат, изучуваат и паметат“, кажа Силјановска-Давкова.

    Таа денеска однесе цвеќе на вечните почивалишта на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, на поранешниот претседател, трагичнозагинатиот Борис Трајковски и на првиот претседател на Владата Никола Кљусев, по повод 8 Септември – Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од независноста на државата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира