Специјалното јавно обвинителство соопшти дека отворило истрага под кодно име „Друмарина“ за незаконски наплатени 100.000 евра за патни трошоци во Собранието. Според обвинителката Фатиме Фетаи, станува збор за поранешна пратеничка, која од 2011 до 2016 година наплатила речиси 6 милиони денари за патни трошоци, прикажувајќи во Собранието дека остварила 843 патувања со сопствено возило од нејзиното место на живеење до парламентот.
Доколку патувањата биле реално направени, таа требало да помине над 235 илјади километри, но од прибавените докази, како што кажа Фетаи, километражата на возилото била околу 130 илјади километри.
СЈО на денешната прес-конференција, кој сè уште е во тек, претстави вкупно седум нови истраги.