Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори истрага против правните лица Трансмет, Силекс Неметали и ВАТО од Студеничани за фалсификувани документи за учество на тендер на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ).
СЈО најави дека ќе бара притвор за две одговорни лица.
Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи на прес конференција изјави дека ЕЛЕМ им овозможил на конзорциумот од овие три фирми да остварат противправна имотна корист во износ од една милијарда денари или околу 17 милиони евра.
Станува збор за јавна набавка за ископ на јаловина во рудникот Суводол во ноември 2011.