Специјалното јавно обвинителство денеска ја доби првата правосилна пресуда од сите случаи што ги поведе откако е основано, објави СЈО. Условна осуда доби обвинет од предметот „Тврдина и Таргет“ кој признал вина. Судската постапка за ова лице е завршена тајно поради заштита на неговата безедбност, бидејќи ова лице, освен што ја признало вината, дало придонес и во докажувањето на делот со бришењето на логовите од прислушувањето во УБК, како што утврди странски експерт.
Оваа постапка, водена издвоено, е почната и завршена без присуство на јавноста во Основниот суд Скопје 1.
Во „Тврдина и Таргет“ се обвинети избеганите Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои се во екстрадициски притвор во Солун, како и Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска, меѓу другите.
С. К. ДЕЛЕВСКА