СЈО ПРОВЕРУВА ДАЛИ ТАЛЕСКИ ПОТПИШУВА ДОКУМЕНТИ ОД КУЌЕН ПРИТВОР

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Битола,(МЕТА)

    СЈО ПРОВЕРУВА ДАЛИ ТАЛЕСКИ ПОТПИШУВА ДОКУМЕНТИ ОД КУЌЕН ПРИТВОР

    Тројца истражители на Специјалното јавно обвинителство утрово пристигнале во Општина Битола, каде како што дознава „Мета”, треба да извршат увид во врска со спроведувањето на куќниот притвор врз градоначалникот Владимир Талески.

    Од Специјалното јавно обвинителство за „Мета“ потврдуваат дека нивните истражители се во Општината. Оттаму велат дека тие се таму за да проверат дали евентуално има пропусти во спроведувањето на куќниот притвор, односно дали Талески потпишува документи и презема службени дејствија додека го издржува притворот.

    Неофицијално, доколку истражителите на СЈО утврдат дека има пропусти во спроведувањето на мерката, можно е да биде побарана промена на куќниот притвор со построга мерка за обезбедување на присуство. Од СЈО засега не сакаат да коментираат какви мерки ќе преземат или ќе предложат доколку се констатираат пропусти.

    Специјалното јавно обвинителство ги товари Талески и уште 22 лица за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра, во случајот „Транспортер“. Талески е во куќен притвор од 20 јуни, кога битолската полиција почна да ја спроведува мерката, што судија на претходна постапка му ја изрече на битолскиот градоначалник четири дена претходно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира