СЈО СО 4 НОВИ ИСТРАГИ, ЕДНА Е ЗА ФИРМИТЕ НА ЛАТАС

    СЈО СО 4 НОВИ ИСТРАГИ, ЕДНА Е ЗА ФИРМИТЕ НА ЛАТАС

    Специјалното јавно обвинителство отвори четири финансиски истраги против четири лица, осомничени за злоупотреба на буџетски пари.

    Случај „Табла“ за злоупотреба на службена должност и овластување. Осомничен е директор на основно училиште од Зајас, кој ја искористил положбата и овластувањата и овоможил имотна корист за правно лице во износ од 200 илјади евра.

    Случај „300“ за злоупотреба на службена должност и овластувања од помошник-министер во Министерството за внатрешни работи во врска со  набавка за 300 возила. Помошник-министерот се сомничи дека го оштетил буџетот за 453 илјади евра.

    Случај „Тотал“ за даночно затајување против физичко лице сопственик на фирмите „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ и „Тотал медиа центар“ ДООЕЛ. Осомничениот се товари дека за даночните години од 2008 до 2015, со намера тој и правните лица да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давал лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјади евра, а физичкото лице за 63 илјади евра.

    Сопственик и управител на компаниите во случајот „Тотал“ бил новинарот Драган Павловиќ – Латас.

    Случај „Тифани“ за затајување данок против едно физичко лице, управител на „Смарт Центар“ ДООЕЛ и „Смарт груп“ ДООЕЛ. Правните лица го оштетиле буџетот за 37 илјади евра, а осомничената за 16 илјади евра.

    Специјалната обвинителка Катица Јанева кажа дека УЈП и Министерството за финансии овозможиле на правни и физички лица да се стекнат со противправна имотна корист на сметка на буџетот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира