СЛЕП СТУДЕНТ ПРАВИ КОМПЈУТЕРСКА ИГРА ЗА СЛЕПИ

a:4:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:14:"td_primary_cat";s:4:"2538";s:11:"td_subtitle";s:332:"СопомошнаУСАИДвосоработкасоМинистерствотозаобразованиекомпјутерскатаигразаслепиќебидепретставенавоситешколивоземјава,аќеможедајаиграатилицасодобарвид";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЛЕП СТУДЕНТ ПРАВИ КОМПЈУТЕРСКА ИГРА ЗА СЛЕПИ

    Слеп студент на Штуловиот универзитет во Тетово прави револуционерни чекори за олеснување на животот на луѓето кои го имаат истиот хендикеп. Тој подготвува компјутерска игра како „Милионер“, прилагодена на македонски услови, која ќе може да ја играат и слепите, но и оние со добар вид. Газменд Аземи (25) од Чегране, гостиварско, идејата за ваква игричка ја имал со години, а сега дошол моментот да ја реализира.

    САКАМДАКАЖАМ беше во лабораторијата во Тетово каде што студентот Аземи, кој е слеп од раѓање заедно со својот професор Шпетим Љатифи и со колега од факултетот Висар Кахримани ја подготвуваат компјутерската игричка.

    „Додека бев средно школо ја играв оваа игра, но на англиски. Основно и средно школо завршив во Пеќ, во Косово во специјално училиште. Таму наставата ми беше на англиски, па играта не беше тешко да ја играм но сепак ми се роди идеја дека таа може да биде и на локалните јазици. Кога требаше да одбереме дипломска работа јас предложив да ја направам токму оваа игра, а професорите го прифатија предлогот“, вели студентот Аземи.

    Кај играта на англиски јазик читачот на екран текстот го конвертира во аудио звук, но Аземи вели дека проблем е тоа што за нашите јазици нема такви читачи. Затоа мораат секое прашање гласовно да го снимат. Во тоа му помагаат уште неколку колеги.

    Еден од најдобрите програмери на Гугл е слеп. Кога тој можел да го постигне толку, зошто и некој од тука да не го направи тоа. Мислам дека кај нас треба да се работи на свеста на околината, другите да станат свесни дека и за слепите постојат многу можности (Фото: СДК.МК)

    „Еден од најдобрите програмери на Гугл е слеп. Кога тој можел да го постигне толку, зошто и некој од тука да не го направи тоа. Мислам дека кај нас треба да се работи на свеста на околината, другите да станат свесни дека и за слепите постојат многу можности“, вели Газменд Аземи, кој е слеп од раѓање (Фото: СДК.МК)

    „Дел од снимањата се веќе направени. Имаме аудиолабораторија во која ги снимаме. Сега нема да ги опфатиме сите прашања, оти ова е проект за дипломска работа. Кога ќе ги завршиме снимањата ќе почнеме со кодирање, што е последниот дел од проектот“, објаснува Аземи.

    Тој инсистира прашањата да бидат исклучително чисто и јасно изговорени. На снимањето неделава, тој неколку пати бараше колегата кој ги чита прашањата да ги повтори.

    „Газменд има многу остар слух. Она што јас не би го слушнал тој јасно го слуша па сега на снимањата и најмал шум кој не треба да биде на снимката, му пречи. Повторуваме се додека тој не каже дека е добро“, вели Висар Кахримани, колега и другар на Аземи.

    Висар е вклучен во проектот за играта, кој исто така е и негова дипломска работа. Кахримани е  вклучен и во сиот живот на Аземи оти тој низ кампусот не се движи без придружба.

    „Низ кампусот секаде има рампи за лица со хендикеп, но сепак движењето за слепи е малку потешко. Затоа јас сум постојано до него. Заедно одиме на предавања, задно учиме, заедно јадеме. Јас читам, подготовувам некоја сублимирана верзија па потоа заедно ја учиме. Внимаваме материјалот да го разбереме, навистина да го научиме, не се трудиме само да бидеме долги во зборувањето. И немаме можност. Кога професорот ќе ни даде 1.000 прашања на кои треба да се најде одговор, тој не може да биде многу долг“, вели Кахримани и се насмевнува на професорот Шпетим Љатифи, под чиј надзор го прават проектот.

    Висар Кахримани е постојано покрај колегата Газменд и покрај тоа што му помага да се движи низ кампусот, заедно ја прават и дипломската работа која може да биде револуционерен чекор во Македонија (Фото: СДК.МК)

    Висар Кахримани е постојано покрај колегата Газменд и покрај тоа што му помага да се движи низ кампусот, заедно ја прават и дипломската работа која може да биде револуционерен чекор во Македонија (Фото: СДК.МК)

    За условите за слепи во кампусот Аземи вели дека се добри, но далеку од идеални.

    „Ако се спореди со државните универзитети, секако дека е многу подобро, но има многу недостатоци. На пример недостасува лабораторија каде што би можеле да учат слепи. Такви има во Европа и во Америка. Еден од најдобрите програмери на Гугл е слеп. Кога тој можел да го постигне толку, зошто и некој од тука да не го направи тоа. Мислам дека кај нас треба да се работи на свеста на околината, другите да станат свесни дека и за слепите постојат многу можности“, смета Аземи.

    Неговите зборови ги потврди и Кахримани.

    „Дури и во оваа средина, на факултет, на луѓето со хендикеп се гледа поинаку. Го избегнуваат Газмед, не му се обраќаат. На паузите од предавањата кога ќе излеземе ретки се оние кои прават муабет со него. Уште владее мислењето дека ако го допрат, ако имаат контакт со него ќе ги фати некоја клетва“, вели Кахримани.

    Аземи вели дека не забележува за ваквото однесување. Свири пијано, секогаш кога му треба релаксација. Во Косово завршил и нижо музичко училиште.

    Лошиот однос на околината го неутрализира и вниманието кое Аземи го добива од професорите.

    gazmed azemi i visar kahrimани 03

    Играта се подготвува во аудиолабораторија во која се снимаат прашањата за играта. Аземи инсистира прашањата да бидат исклучително чисто и јасно изговорени (Фото: СДК.МК)

    „Тука сме да му олесниме и да му помогнеме се што можеме. Јас ја следам работата на двајцата. Постојано правиме консултации. Следната недела треба да направат една презентација на тоа до каде стигнале. Се надевам дека до јуни ќе успеат да реализираат се во врска со играта. Ја работат на албански, но тоа е само во оваа фаза, како дипломска работа. Во следната фаза планираме, со помош на УСАИД и Министерството за образование, играта да ја направиме и на македонски јазик, ако се јави потреба и на уште некој јазик, и да ја рашириме во училиштата низ целата земја. УСАИД веќе работи на олеснување на животот на слепите лица во Македонија, отворени се центри за нив во Штип, Велес, Битола и во Тетово, се вршат офталмолошки прегледи во градинките и ред други активности кои ќе продолжат и во следниот период“, вели професорот Љатифи кој е и директор на проектот на УСАИД за децата со оштетен вид .

    Аземи е единствениот студент на Штуловиот универзитет со слепило. Вели дека работењето на играта е голем предивик за него.

    „Ќе ми биде многу мило ако со ова дело помогнам некому. Посакувам тие по мене да ги немаат проблемите со кои јас се соочив“, вели Аземи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари