СМЕ ГИ ОБОГАТИЛЕ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ, СМЕ ИМ ДАЛЕ 159 МИЛИОНИ ЕВРА, А ВО ПЛАТИ ВРАТИЛЕ 92 МИЛИОНИ ЕВРА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СМЕ ГИ ОБОГАТИЛЕ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ, СМЕ ИМ ДАЛЕ 159 МИЛИОНИ ЕВРА, А ВО ПЛАТИ ВРАТИЛЕ 92 МИЛИОНИ ЕВРА

    Субвенциите кои државата ги дала за привлекување и за поддршка на странските инвестиции од 159 милиони евра се значајно повисоки од платите кои овие фирми ги исплатиле – 92,1 милион евра, стои во истражувањето на Институтот за општествени и хуманистички науки за политиките за привлекување странски инвестиции од 2007 до 2015 година.

    Тоа значи дека државата директно генерира дел од нето-добивката на овие фирми бидејќи парите на македонските даночни обврзници завршуваат како добивка на странските фирми.

    Анализирани се 25 фирми кои имаат добиено државна помош, чијшто број на вработени во 2015 година изнесува 12.600 лица.

    „Кога вкупниот износ на средства што државата ги исплатила за поддршка на странските фирми (159 милиони евра) ќе се подели со вкупниот број на вработени (12.600), се добива дека државата издвојува околу 12.580 евра за едно работно место. Просечната плата во фирмите во 2015 година изнесува 261 евро, што е значајно пониско од државниот просек од 360 евра. За целиот анализиран период, фирмите оствариле нето-добивка од вкупно 235 милиони евра, што е два и пол пати повеќе од платите што ги исплатиле. Најголема добивка остварила „Џонсон Мети“, 227 милиони евра, а по неа е „Ван Хоул“ со 10,3 милиони евра“, стои во анализата на странските инвестиции.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира