СО ЗАЕМ ОД 21 МИЛИОН ЕВРА ОД ЕБОР ЌЕ СЕ КУПAT ПЕТ НОВИ ЛОКОМОТИВИ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА

    СО ЗАЕМ ОД 21 МИЛИОН ЕВРА ОД ЕБОР ЌЕ СЕ КУПAT ПЕТ НОВИ ЛОКОМОТИВИ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТАОд постојните 11 локомотиви со кои располага МЖ Транспорт, четири се понови, а седум се постари; - Од денешното потпишување на договорот за заем. (Фото: К. Попов)

    Со заем од 21 милион евра од Европската банка за обнова и развој (ЕОР) ќе се купат пет нови електрични локомотиви. Договорот за заем денеска го потпишаа министерот за транспорт и врски Александар Николоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и директотот на МЖ Транспорт, Дејан Кошутиќ.

    Од постојните 11 локомотиви со кои располага МЖ Транспорт, четири се понови, а седум се постари.

    „Со новата флота од пет локомотиви и постојните четири кои се понови, ќе располагаме со девет модерни локомотиви кои ќе можат целосно да го покријат карго-превозот, а дел од нив да се користат и во патничкиот сообраќај“, изјави министерот Николоски.

    Николоски кажа дека до март треба да биде објавен јавниот повик за новите локомотиви.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира