СОБРАНИЕТО ГИ ИЗГЛАСА ИНТЕРПЕЛАЦИИТЕ НА ПЕТ ЧЛЕНОВИ НА СУДСКИОТ СОВЕТ, МНОЗИНСТВОТО ГИ ПОВИКА ДА ПОДНЕСАТ ОСТАВКИ

    СОБРАНИЕТО ГИ ИЗГЛАСА ИНТЕРПЕЛАЦИИТЕ НА ПЕТ ЧЛЕНОВИ НА СУДСКИОТ СОВЕТ, МНОЗИНСТВОТО ГИ ПОВИКА ДА ПОДНЕСАТ ОСТАВКИПоранешната претседателка на Судскиот совет Весна Дамева на собранинската говорница. (Фото: СДК.МК)

    Собранието на денешната седница им изгласа недоверба на петте члена на Судскиот совет, избрани од Собранието. Станува збор за членовите Весна Дамева, Селим Адеми, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска и Павлина Црвенковска.

    Интерпелациите поминаа на седницата со над 70 гласови, а предлагачите на интерпелациите, пратениците од владејачкото мнозинство ги повикаа овие членови на Судскиот совет да поднесат оставки, со оглед на тоа што овие интерпелации не се обврзувачки за нив.

    Останатите членови на Судскиот совет ги бираат судиите од своите редови.

    За време на расправата, пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски кажа дека со интерпелациите се прави дискриминација на членовите на Судскиот совет. Долгогодишниот министер за внатрешни работи смета дека останатите осуммина членови на Судскиот совет, кои се од редовите на судиите, ќе останат повторно да можат да носат одлуки, а, како што кажа тој, заради нив судството има рејтинг од 2 отсто.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира